.

 

 „Термосол“ работи со сончеви колектори повеќе од 25 години.
Постојаното следење и усовршување на колекторите е гаранција за големиот степен на сигурност, квалитет и функционалност.
Традицијата продолжува со новите сончеви колектори кај кои грејната плоча е заменета со грејни вакумски цевки. Овие сончеви колектори овозможуваат топла вода до 99 С, загреана само од сонцето. Водата се загрева во вакумските цевки и термосифонски се изменува со водата од бојлерот. Благодарение на добрата изолираност, складираната топла вода во бојлерот може да се задржи повеќе од 20 часа. Користењето на водата се врши директно од бојлерот. Дополнувањето со вода е во зависност од температурата а и нивото на водата во бојлерот. Сето ова автоматски го регулира микрокомпјутерот кој е составен дел на колекторот. Во бојлерот е вграден електричен греач од 1500 W, кој служи за догревање на водата во помалку сончеви денови а се користи по потреба, рачно или автоматски.

 

  .

slika za naslovna

Производи

248809683KCH 1318KCH 9972   KM24 180 S BA 4e981bebedf50 200x200

Designed by Studio Gardibald Gardibald-logo

.