Историјат

Термосол почнува со работа некаде од 1985 год.

Во тоа време од недостиг на информации и недостиг на елементи за овие производи фирмата се потпираше на сопствено искуство и сопствено производство на овие елементи и тоа:

  • изработка на сончева греалица (плочест колектор)
  • изработка на Сончев бојлер
  • изработка на дотурен сад
  • изработка на влезни елементи, колена, тештици од бакарна цевка

За да се изработи ова мораше да се навлезе во декој сегмент на фнкционирање на системот (условите на работа, од -20о до + 90о С, различни дилатации на материјалите, зрачење и др.)

Во периодот на работење се менуваа моделите од обичен термосифонски систем изработен од поцинкуван лим, потоа од бакар, па се до термосифонски систем со бојлер под притисок. Последен систем на изработка беше Термосифонски систем со иноксен бојлер.

Измена на температурата преку бакарен топлотен изменувач вметнат во бојлерот.

Со овој систем завршивме некаде 2008 година. Во тој период пристапивме кон следење и испитување на вакумските системи. Следењето траеше со големо внимание на неколку вградени колектори.

Откако потврдивме дека ова е последен хит на оваа технологија, пристапивме целосно со работа од 2009 година со овие системи.

Галерија

Designed by Studio Gardibald Gardibald-logo

.