Затворен систем со бојлер горе
Затворен систем под притисок изработен целина бојлер со вакумски цевки. Водата од бојлерот се загрева термосифонски. Во вакумските цевки се наоѓаат специјални бакарни цевки исполнети со специјална течност, медиум за пренос на топлината од вакумските цевки во бојлерот. Системот не користи пумпа. Бојлерот е под притисок на водоводната инсталација и има сигурносен вентил за зголемен притисок под 7 bar и зголемена температура над 950С. Системот се поврзува со две цевки, ладна и топла. Во бојлерот е всаден електричен греач за догревање на водата. Системот поседува микрокомпјутер за автоматска регулација на температурата доколку нема доволно сонце. Системот се користи преку цела година.