Термосол - Сончеви колектори

Традиција долга повеќе од 30 години. Производство на сончеви колектори по сопствена лиценца, сопствен бренд.

Историја на Термосол

Постојано следење и усовршување на колекторите е гаранција за големиот степен на сигурност, квалитет и функционалност.

Традицијата продолжува со новите сончеви колектори кај кои грејната плоча е заменета со грејни вакумски цевки. Овие сончеви колектори овозможуваат топла вода до 99°C, загреана само од сонцето. Водата се загрева во вакумските цевки и термосифонски се изменува со водата од болјерот.

Сопствен бренд – повеќе од 30 години на пазарот.

Традицијата продолжува со новите сончеви колектори кај кои грејната плоча е заменета со грејни вакумски цевки. Овие сончеви колектори овозможуваат топла вода до 99°C, загреана само од сонцето. Водата се загрева во вакумските цевки и термосифонски се изменува со водата од болјерот.

Благодарение на добрата изолираност, складирана топла вода во болјерот може да се задржи повеќе од 20 часа.

Користењето на водата се врши директно од болјерот. Дополнувањето со вода е во зависност од температурата и нивото на водата во болјерот. Сето ова автоматски го регулира микрокомпјутерот кој е составен дел на колекторот.

Во болјерот е вграден електричен греач од 1500W, кој служи за догревање на водата во помалку сончеви денови а се користи по потреба, рачно или автоматски.

Имате прашање?

Доколку имате прашање, сакате да побарате понуда или да добиете повеќе информации, слободно побарајте не.

Повеќе информации на 078 272 901